календар

15 септември: Светски ден на првата помош

Денот на првата помош е прилика да им се оддаде почит на сите кои волонтерски учествуваат во помагањето на оние на кои им е потребна итна помош. Волонтерите и активистите се анонимна, но бројна армија, без која многу животи би биле изгубени. 

 

16 септември: Заштита на озонската обвивка

Деградирачкото дејство на сончевото ултравиолетово зрачење е последица на дупките во заштитниот озонски слој околу нашата планета. Озонските дупки се создаваат од фреоните во нашите фрижидери, од дезодоранси, од распрскувачи. Да се купуваат производи без фреон е резултат на високата свест за овој еколошки проблем.

 

18 септември: Ден на геолозите

Геолошкиот еснаф го прославува својот ден. Геолошката наука секаде во светот се смета за главен економски и стратешки ресурс, но кај нас е, за жал, сосема запоставена. Геолошките истражувања и развојот на науката треба да претставуваат една од оските на развојот, особено во земја со рудно богатство како Македонија. 

 

20 септември: Ден на мирот

Дваесетти септември е ден посветен на мирот. Потсетувањето за мирот им е потребно многу повеќе на земјите во коишто владее мир, а особено оние кои од сопствената мирнодопска состојба праќаат војници онаму каде што мирот е веќе одамна заборавен.

 

26 септември: Европски ден на јазиците

УНЕСКО го прогласи 26 септември за европски ден посветен на јазиците. Разновидноста на јазичното говорно подрачје во Европа се смета за нејзино богатство, а учењето странски јазици, за еден од приоритетите на европските влади. 

 

25-28 октомври: Работилница за новинари

За новинарите од Централна и од Источна Европа заинтересирани да ги прошират своите знаења од областа на енергијата и енергетската ефикасност организирана е работилница, која ќе се одржи во Рига, Литванија, од 25 до 28 октомври 2006 година. Краен рок за аплицирање е осми септември. За подетални информации, посетете ја www.eko.net.mk.