Македонски центар за независна иницијатива (МЦНИ) - Радовиш

ЈАКНЕЊЕ НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈАТА

Македонскиот центар за независна иницијатива (МЦНИ) од Радовиш е здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување на нивните интереси. МЦНИ е основано на 24.04.2001 година.

Една од основните цели  на здружението е јакнење на гра­ѓан­ското општество и демо­кра­тија во РМ. Здру­жението се залага за раз­војот на демо­кра­тијата, граѓанското општество, чо­ве­ко­вите права и јакнењето на граѓанскиот сектор.

МЦНИ соработува со повеќе здру­­женија на граѓани од општината, но и пошироко, а е дел и од мреж­ните орга­низации на Граѓанската асо­цијација МОСТ преку која ги ре­ализира проектите за на­бљу­­дување на три изборни цик­луси -Парламентарните из­бори 2002, Претседателските избори 2004 и набљудување на Референдумското изјаснување 2004 година. Како дел од мрежната организација, МЦНИ учествуваше и во набљудувањето на Претседателските избори во Украина како дел од мисијата на ЕНЕМО во ноември 2004 година.

“Соработката со ГА МОСТ се одвива и во проектот ‘Мобилен пар­ламент’”, вели Тања Милева, претседател на здружението, “преку кој во општина Радовиш се одржа средба на пратеници со гра­ѓаните од општината на тема ‘Радовишкото стопанство, рас­продажба, инвестиции, иднина’. Вклучени сме и во мрежата на проектите ‘Доста е’, НВО Парламент и во Кампањата за ра­зору­жување”, додава таа.

Досега МЦНИ реализира повеќе проекти, меѓу кои: “Нарко­манијата и криминалот (борба и превенција од овие по­роци) во општините Радовиш, Подареш и Конче”,  “Младите во процесот на евроинтеграција”, “Забава и дружење на младите преку спорт”, “Едукација на жени гласачи за изборите во руралните средини” и “Обука за односи помеѓу родовите”, а во моментов се спроведува проектот “Немојте да живеете во мрак, навремено информирајте се од сексуално преносливите болести”. Според Тања Милева, приоритетната активност на МЦНИ во 2005 година ќе биде отворањето канцеларија во просто­риите на општината со цел да се зајакне соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓаните во општината Радовиш.

Можност за контакт: МЦНИ Радовиш, ул. “Самуилол” 2420 Радовиш.

тел./факс 032/633-119, електронска пошта: мцниЖмаил.цом