ОБУКА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
„Како да се добијат европските фондови“
„Welcomeurope“ организира дводневна обука на тема „Како да се добијат европските фондови“ што ќе се одржи во Париз, Франција, на 22 и 23 април 2004 година. Обуката е отворена за сите акционери од јавниот, приватниот и непрофитниот сектор, а од учесниците не се бараат специфични вештини, така што учеството е слободно за сите претставници на организации или сервиси кои сакаат активно да се вклучат во развојот и имплементацијата на новите европски проекти. Дводневната обука ќе ги научи учесниците како да ја разберат природата на грантовите, да ги усовршат европските проекти градени во партнерство, да ги идентификуваат релевантните програми, да ги оптимизираат апликациите и да промовираат предлог-проекти.
За повеќе информации: Marie Defrance at Welcomeurope емаил: mdefrance@welcomeurope.com , Тел:+33 (0)1 42 54 60 64.
Т.Х.
|