Свет

Стипендија Кокалис - Универзитет Харвард
До 5 јануари 2007 година е отворена можноста за пријавување за програмата за стипендирање Кокалис 2007-2008  во Владиното училиште „Џон Ф. Кенеди” на Универзитетот Харвард. Можат да се пријавуваат лица родени во: Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Турција. Тие ќе можат да аплицираат за една од следните програми: магистер по јавна политика (МПП), магистер по јавна администрација (МПА2),  магистер по јавна администрација (МЦ/ ), магистер по јавна администрација во меѓународен развој (МПА/ИД). За најсериозни кандидати ќе се сметаат лицата со академско образование и/или со професионално, односно работно искуство во едно или некое од следните полиња: социјални науки, јавна политика и/или администрација, непрофитен сектор, право, економија, бизнис. Сите кандидати треба да демонстрираат силна посветеност на јавната служба и на регионот на ЈИЕ. За повеќе информации, посетете ја страницата www.ksg.harvard.edu/kokkalis,  или контактирајте на: kokkalis_Program@ksg.harvard.edu


Програма за стипендирање Амелија Иархарт

Програмата за стипендирање Амелија Ијархарт, Зонта интернешнал, Чикаго, Илиноис, САД, за чија краен рок за пријавување е 15.11.2006, во износ од  6 илјади американски долари, може да ја користи кој било универзитет или колеџ што нуди акредитирани постдипломски студии и дипломи. Студентите треба да се пријават на докторска програма веднаш по добивањето на средствата. Моменталните корисници на стипендијата можат да се пријават за нејзино обновување во втората година од студиите, притоа минувајќи низ истите процедури за аплицирање и евалуирање како и оние кандидати кои се пријавуваат за стипендијата првпат.

Подобни кандидати се жени од која било националност. Постдокторски истражувачки програми, како и програми кои ја третираат одбраната, нема да се сметаат за подобни. За повеќе информации: www.zonta.org


Извештај на Интернатионал Религиоус Фреедом

Извештајот од Американскиот стејт департмент,   Интернешнал релиџс фридом (Интернатионал Религиоус Фреедом) за 2006 година, кој излезе на 15 септември, може да се најде на: www.state.gov/g/drl/rls/irf/2006/.


Стипендирање на индивидуално напредно истражување

Со програмата за стипендирање индивидуално нап­редно истражување ИАРО се доделуваат стипендии на научници и професионалци од САД за прекуокеански истражувања на современиот политички, економски и културен развој од значење за надворешната политика на САД.
Меѓу другите, погодни земји за вршење на истражувањата се: Албанија, Бугарија, БиХ, Хрватска, Косово, Македонија, Молдавија, Романија, Србија и Црна Гора. Стипендијата ИАРО ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување/живот, а се доделува на студенти на магистерски, докторски и постдокторски студии и на професионалци со дипломи на повисоко ниво.
Краен рок за пријавивање е 15.11.2006 година. Апликациите, како и дополнителните материјали, можат да се најдат на www.irex.org/programs/iaro/index.asp. За повеќе информации, посетете ја страницата: www.irex.org