Фестивал
ВИВИСЕЦТ за прв пат во Македонија
Форумот на европските студенти по новинарство ФЕЈС Македонија беше организатор на презентирањето на содржините на патувачкиот Фестивал за човекови права ВИВИСЕЦТ-фест, кој на почетокот на октомври се одржа во Мала станица во Скопје.
„Војната - поглед однатре и однадвор”, беше темата на фестивалот во чии рамки беше отворена изложба на фотографии од фоторепортерите кои ги следеа воените судири во поранешна Југославија, вклучувајќи ја и војната во земјава, во 2001 година. Беа прикажани и 17 документарни филмови, снимени од 1991 година до 2005 година.
ВИВИСЕЦТ-фест две години патува низ регионот и пошироко, а годинава за првпат беше во Македонија
К.Б.
|