“иКНОЊ Политицс”

Меѓународна мрежа на знаење за жените во политиката

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Развојниот фонд за жени при Обединетите нации (УНИФЕМ), Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот институт за демократија и помош при избори (ИДЕА), објавија ново партнерство со цел да ја создадат Меѓународната мрежа на знаење за жените во политиката, наречена „иКНОЊ Политицс”. Мрежата беше основана на 11 април 2006 година во Њујорк, а соопштението проследи по опширните консултации со жени-лидерки од целиот свет за критичните потреби на жените во политиката. Целта на мрежата ќе биде да се зголеми учеството и ефикасноста на жените во политичкиот живот, со користење технолошки-оспособен форум, кој ќе поттикнува дијалог и преку којшто ќе се делат искуства и знаење во врска со политичкото учество на жените, а наедно да се обезбеди и пристап до критичните извори и експертиза.

„иКНОЊ Политицс” има за цел да им служи на потребите на избраните службени лица, на кандидатите, на истражувачите, на студентите и на практикантите кои сакаат на структурен начин да ги поделат ресурсите, да остварат контакти, да соработуваат и да учат за развојот, како и да се информираат за различни настани. Во подготовка се плановите за лансирање на мрежата и нејзината веб-страница наесен 2006 година. За повеќе информации, контактирајте со координаторката на програмата, Виолет Авотви, на вањотњиЖнди.орг, тел. +1 202-728-5657, или посетете ја страницата http://southasia.oneworld.net/article/view/132267/1/1893

З.В.