Претседателот Борис Трајковски за граѓанскиот сектор

Барам од вас да го ширите духот на доброволната работа

„Духот на волонтеризмот е слаб во Маке­донија. Додека многу граѓани навистина посветуваат голем дел од своето време и средства за оваа цел, многу други не го прават тоа, често затоа што не ја разбираат улогата која невладините организации ја играат, или пак не можат да ги видат резултатите, како материјални така и духов­ни, кои можат да се добијат преку добро­волната работа. Затоа, барам од вас да го ширите духот на доброволната работа каде и да одите и со кого и да се среќавате. Поттикнете ги граѓаните на Македонија да се ангажираат и да се посветат на тоа“.
(НВО Саем, октомври 2001 г.)


„Според сите позначајни општествени теории, еден од столбовите на демократијата во нејзиното модерно разбирање е развојот на невладиниот сектор. Ова е особено важно за земјите во транзиција. Иницирањето и јакнењето на невладините организации е темел на формирање силно граѓанско општество.“
(НВО Саем - 2 форум на гра­ѓанското оп­штество во Маке­донија, ок­томври 2002 г.)


„Во процесот на градење натпартиски или меѓуетнички консензус, државата и поли­тичките субјекти немаат до­вол­но потенцијали, сами, без поддршка од невладините организации да го направат нужниот општествен договор доволно силен и отпорен. Мојата политичка фило­зо­фија денес немаше да биде целосна, доколку не работев во граѓанскиот сектор се до 1997 година.“
(НВО Саем - 3 форум на гра­ѓанското оп­штество во Македонија, ноември 2003 г.)


„Со МЦМС ме поврзуваат повеќе искуства, почнувајќи од првата Меѓуверска кон­ференција во 1996 година, како коорга­низатори, преку хуманитарната координација за време на Косовската криза во 1999 година, кога јас ја вршев функцијата заменик-министер за надворешни работи и пона­тамош­ната комуникација како претседател на државата во нашата криза во 2001 година, како и комуникацијата за надминување на блокадите на хуманитарната помош за кризните подрачја, и трите последователни години од 2001 до оваа година, околу НВО Саемот - форум на граѓанското општество во Македонија“.
(По повод јубилејот - 10 години од осно­вањето на МЦМС, декември 2003 год.)