Кампања на Проактива

Дели го автомобилот, вози ги пријателите

Здружението на граѓани Проактива од Ско­пје започна да ја спроведува кампа­ња­та “Дели го автомобилот, вози ги прија­те­ли­те”, во рамките на проектот “Интегрален при­­стап за решавање на сообраќајните про­блеми од одржлив аспект”, која ќе трае до крајот на август.  Проектот е под­држан од Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) преку фонд обезбеден од Канцеларијата за европска помош за соработка при Европската комисија.

Цел­та на кампањата е да се информираат гра­ѓаните дека преку делење на автомо­би­лот со своите соседи и колеги и креирање за­еднички транспорт до одредена дестинација, тие влијаат врз намалувањето на ме­тежот и количеството на испуштени га­со­ви од автомобилите. Поради тоа, во све­­тот овој транспорт се вбројува меѓу одржли­вите начини на транспорт, односно како начин преку кој граѓаните можат да заштедат бензин, паркинг-простор, да стиг­нат брзо до саканото место и, секако, да го запазат еколошкиот аспект.

Проактива во рамките на проектот ќе ра­бо­ти на информирање на граѓаните за не­го­вите бенефиции, по што секако би било потребно да се отворат такви сервиси (при­ватни компании или јавни претприја­ти­ја), кои на организиран начин, ис­пол­ну­вај­ќи низа стандарди, ќе обезбедат автомобили во секое време. 

Проактива ќе лобира и кај надлежните ин­­ституции за воведување низа законски и подзаконски мерки коишто ќе го третираат овој вид превоз. За негова поголема по­пуларизација надлежните институции би требало да обезбедат во најмала мера, автомобилите кои припаѓаат на овие сервиси секогаш да имаат обезбеден паркинг простор.               С.Н.