Хуманост

Кумановец ја отстапува својата куќа на социјални случаи

Кумановецот Борко Николовски е хуман граѓанин, кој куќата, што заеднички, со двајцата браќа, ја наследија од родителите, им ја дава на заинтересирани лица корисници на социјална помош, без каков било финансиски надомест.

„Куќата е во добра состојба. Оној што ќе живее во неа, слободно може да се занимава со земјоделство, бидејќи има градина, но и сите придружни објекти за одгледување крупен или ситен добиток”, објаснува Николовски.Тој се обратил до Центарот за социјални работи во Куманово. Оттаму му кажале дека неколку лица кои се во лоша финансиска положба, речиси бездомници, можеби ќе бидат заинтересирани да ја одржуваат куќата, но с$ уште не се откриваат конкретни имиња.

Подоцна Николовски се упатил во колективните центри во Куманово каде што се обратил до раселените лица, но оттаму никој не бил заинтерсиран да живее во куќата. Затоа тој одлучил преку медиумите да се обиде да пронајде некој што ќе ја одржува куќата. Вели дека „ќе се најде некој есаблија кој слободно може да живее и солидно да заработува од земјоделство или сточарство што во секој случај е доста подобро од состојбата во којашто живеат социјалните случаи”.

Заинтересираните можаат да се јават на телефонскиот број 070/258-371.

 МИА