Проширувањето на ЕУ
ЕУ бара итен договор во Македонија
На 25 септември, за време на дебатата во македонскиот парламент во врска со изборните реформи, членови на Демократската унија за интеграција (ДУИ), најголемата опозициска партија на етничките Албанци, се судрија со пратениците од Партијата за демократски просперитет, партија на етнички Албанци која е дел од владината коалиција.
ЕУ и Македонија
Програма за информации и комуникации
Целта на програмата за информации и комуникации на Европската Унија на која заинтерсираните можат да аплицираат до 9 ноември е зголемување на нивото на информираност и јавна свест за ЕУ во Македонија, како и за процесот на пристап кон неа.
Словенија
Словенечкото претседателство со ЕУ за понатамошна интеграција на Балканот
Во своите настојувања да ја забрза интеграцијата на земјите од Балканот за време на своето претседателство со Унијата од јануари до јули следната година, Словенија испрати писмо до лидерите на ЕУ и до Европската комисија во кое бара „храбри одлуки” во поглед на регионот.
Универзитет на Централна Европа
Стипендии достапни за Ромите
Универзитетот на Централна Европа, со финансиска поддршка од Фондот за образование на Ромите, Зигрид раузинг труст, и приватни донатори, нуди стипендија за деветмесечен подготвителен курс за надежни млади Роми од Централна и Источна Европа. Краен рок за аплицирање за целосните стипендии кои покриваат патни трошоци, настава, сместување и животни трошоци е 15 ноември
Признание
Европскиот центар за права на Ромите ја доби наградата Макс ван дер Стал
На свечена церемонија одржана на 16 октомври, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Кнут Волбек, му ја додели наградата Макс ван дер Стал на Европскиот центар за права на Ромите.