ЕУ финасира обука за 600 млади цивилни службеници во Македонија

Учениците се бираат од малцинските заедници

Европската Унија финансира обука за 600 млади цивилни службеници во Македонија  - сите од малцинските зедници. Проектот ги поддржува напорите на Македонија да развие ефикасна јавна администрација - или “цивилна служба” - којашто во доволна мера ќе го претстави различниот етнички пејсаж во земјата. Со проектот раководи Европската агенција за реконструкција, а тој беше изготвен во тесна соработка со Агенцијата за цивилни службеници, Министерството за образование и Владата. Даниел Гиугларис, шеф на операции во Агенцијата во Македонија, вели во врска со обуката вели: “Овие млади мажи и жени ќе треба да играат важна улога во иднината на нивната земја, а оваа обука ќе им помогне да се подготват за задачите коишто ги очекуваат во иднина. Ние се надеваме дека во иднина повеќе млади луѓе ќе го следат нивниот пример и ќе му служат на јавниот интерес. Од големо значење е тоа што оваа прва група ученици претставува пресек на богатата култура и знаење на оваа земја. Обуката ќе се одвива во три центри во Скопје, Тетово и Струга.

Британската организација “Центар за менаџмент и политички студии” изготви деветмесечен курс, кој комбинира јазична обука со теорија и практични вештини. Секој кандидат ќе помине период на стажирање.  

Г.Ш.