НАСТАНИ
Дали здруженијата на граѓани остваруваат добри односи со јавноста?
Овој пат ве поттикнуваме на размислување и дискусија на Форумот на нашите веб-страници со следното прашање: „Дали здруженијата на граѓани остваруваат добри односи со јавноста?” Промоцијата на сопствената работа и ширење на идеите за кои се залагаме, покрај останатото, може да се оствари преку нашата комуникација со јавните медиуми и, преку нив, со пошироката јавност. Дали се трудиме таа комуникација да биде онаква каква што треба? И како го правиме тоа? Дали пошироката јавност е доволно запозната со нашата работа, со нашите цели, идеи, програмски определби?