Помош на ракотворците - Арт то Артисант ги награди дизајнерите

Домашните ракотворци со нови идеи на пазарот

Организацијата “Помош на ракотворците -Арт то Артисант на 11 јули во галеријата “Пресс то еџит” им ги додели наградите на нај­­добрите на објавениот ,трет по ред годишен конкурс за дизајн под наслов “МАДЕ ин Мацедониа”. На  конкурсот учес­тву­ва­ле 50 македонски дизајнери и ракотворци кои конкурирале со свои дизајни и мостри, а наградите за дизајн ги добиле Бил­ја­на Клечкакоска за филигрански накит, Сања Бошкова за комплет кујна од лен и Александар Јаковлевски за дрвено стол­че. Почесната награда за дизајн ја добија Елена Мехмети за ве­зен текстил, Крсте Гаков за современ дрвен мебел, Синиша Стаменковски за везен сет за маса, Марина Богоева за накит од школки и Марија Јовановска за сребрени брошеви.

Четиригодишниот проект “МАДЕ ин Мацедониа” е финансиран од Владата на САД преку Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) со цел да ги зајакне домашниот и странските пазари за ракотворби  од Македонија, преку  зголемување на вработува­ње­то и приходот на занаетчиите. Наградите на годинешните по­бедници, кои ги почитуваа поставените критериуми за потенцијал на производот: културната вредност, иновативноста и креативноста, практичноста на дизајнот и трајноста, им ги додели г-ѓа Норун Вибју, претседателка на Управниот одбор на Помош на ракотворците.       К.Б.