ФИООМ

Моќта е во народот...

Фондацијата Институт отворено општество - Македонија, во рамките на кампањата „Моќта е во народот”, чија цел е придонес за фер и демократските избори, издаде картичка наменета за гласачите.
Картичката се дистрибуира бесплатно и е достапна на македонски, на албански, на турски, на ромски, на влашки, на српски и на бошњачки јазик. Во неа се дадени информации за гласачките права, како и телефоните на институциите и организациите каде граѓаните можат да се обратат во случај на нарушување на правата (Народен правобранител, Информативен центар за граѓанско општество - Скопје и Здружението на правата на Ромите - Штип).