ФИООМ

Мултикултурализмот во Македонија: модел во настанување

“Мултикултурализмот во Македонија: модел  во настанува­ње” е насловот на книгата, во која се содржани текстови од из­ла­гањата на учесниците и содржината на пленарната дискусија, водена на експертскиот форум, кој под исто име се одржа во ноември 2004 година.

Организатор на форумот беше ФИООМ, кој се јавува и како издавач на книгата.                          

 

МЦМС

“Основни поими на јудаизмот”

“Основни поими на јудаизмот” од Цадик Данон, врховниот рабин на поранешна Југославија, е издание овозможено во рамките на програмата “Меѓурелигиска соработка во Македонија”, со цел да ја подобри информираноста за црквите, верските заедници и религиозните групи во Македонија, како меѓу нив самите, така и кај пошироката јавност.

Ова издание ги опфаќа основните карактеристики на еврејското учење, верување и историја. Преку ова издание авторот успеал да ги пренесе значењето на обичаите и верувањата, ритуалите на поважните животни случувања, молитвите, верските симболи и сметањето на времето на еврејскиот народ.

Публикацијата е издадена со финаниска помош од данската и од нор­веш­ката влада, во соработка со Данската црковна помош (ДЦА) и Норвешката црковна помош (НЦА).