Еко-храна, Гевгелија

Одржливо органско земјоделство
 

Здружението Еко-храна од Гевгелија е едно од малкуте граѓански организации коишто фокусирано работат на една област на животната средина и земјоделството. Уште од 2002 година ова здру­же­ние, чиј полн назив е Здружение за производителите на органска храна и чувари на околината Еко-хра­на, го насочува своето внимание на производството на здрава, орган­ски проеизведена храна.

Групата за развој на потсекторот до­мат и пиперка, во соработка со Аген­ци­јата за поттикнување на развојот на земјоделството на РМ, работна еди­ница-Гевгелија, успеа да го воведе стандардот ЕУРЕПГАП за свежо овошје и зеленчук во производство­то на домати под пластеници во Здру­жението на земјоделските про­изводители “Еко-Храна”, а наедно и ко­операнти на трговската фирма “Ту­ран” од Богданци.

Процесот на примена на стандардот ЕУРЕПГАП е реализиран во рамките на активноста “Воспоставување и почитување договори за откуп со одреден квалитет и квантитет” помеѓу Здружението на произво­ди­телите и трговската фирма како дел од програмата за работа на Групата за развој на потсекторот домат и пиперка (Еко-храна е член на групата и има свој претставник во Управниот одбор). Под­др­шка на оваа активност е обезбедена од МРФП како главен донатор на групата за развој на потсекторот домат и пиперка, а под­дршка за сертификација е обезбеде­на од страна на повеќе проектни еди­ници: СФАРМ 2 (проект за под­дршка на земјоделските здруженија во РМ), МААСП (проект за поддршка на советодавни услуги во РМ), Лендолејкс и Агрипрексо и 50% од МЗШВ преку програмата за поттик­ну­вање на развојот на земјоделство­то на РМ.

Со проектот “Одржливо и органско зем­јоделие - чекор кон здравјето и за­чувувањето на животната средина”, финансиран од Фондацијата Ин­ститут Отворено општество – Македонија, се промовира новиот начин на производство. Поточно, од­рж­ли­во­то органско земјоделство се потпира на три аспекти на одржливост: економски, еколошки и социјален.                М.И