ПРИМЕНА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

Работилници за Законот за здруженија на граѓани и фондации


МЦМС, како иницијатор на изготвувањето и донесувањето на Законот за здруженија на граѓани и фондации, одржа неколку работилници низ Македонија на кои се дискутираше на прашањата кои произлегоа од неговото спроведување.

Беше одржан и семинар за Законот, во соработка со Здружението на судиите на Македонија и на Меѓународниот центар за непрофитабилно право од Вашингтон, САД, на кој учествуваа судии од речиси сите судови во нашата држава. На овој семинар се дискутираше по однос на Коментарот на Законот за здруженија на граѓани и фондации, од проф. д-р Борче Давитковски и д-р Наташа Габер, кој излезе со финансиска поддршка на МЦМС.