Косово
Ромите го напуштаат Косово од страв од ново насилство
Според информациите на Центарот за Ромите и Ашкалиите од Приштина, Ромите започнале да го напуштаат Косово од страв од избивање ново насилство. Во текот на посетата на српската енклава во Грачаница, блиску до Приштина, граѓанската организација откри дека најмалку седум семејства (38 лица) веќе си заминале.
Грижата околу сигурноста е главната причина поради која Ромите го напуштаат Косово. Спрема наводите на Центарот, Ромите стравуваат од напади кои би уследиле по едностраното прогласување на независнота. Исто така, тие се загрижени дека ни меѓународните сили, ни локалните сили нема да им понудат заштита.
Ромската заедница во Грачаница е една од најголемите преостанати ромски заедници на Косово. Спрема процените, таму живеат околу 4.000 Роми, од кои повеќето се некогашни жители на уништената ромска населба во Приштина.
Г.Ш.
Извор: онењорлд
|
|