Програма АГРП на Јапонската влада
Неповратна помош за мали проекти
Програмата АГРП на Јапонската влада има за цел да им помогне на граѓанските организации или на локалните општински организации, преку покривање на трошоците на релативно мали проекти, кои имаат потешкотии во добивањето на потребната помош од Генералната програма за помош во грантови (Генерал Грант Аид Программе). Помошта во вид на неповратни средства за финансирање мали проекти е за првпат воведена од Јапонската влада во 1989 година со цел да им излезе во пресрет на различните социо-економски, развојни и основни хуманитарни потреби на земјите во развој. Право на аплицирање имаат граѓанските организации, локалните општински организации, основните и средните училишта, локалните болници или државните клиники и општините. Секој проект може да биде финансиран во висина до 70.000 евра. Апликантот треба да има специфичен проект, кој изискува нови или дополнителни објекти, опрема и/или материјали и којшто е директно поврзан со главната цел на активностите на апликантот. Општо земено, времетраењето на проектот не би требало да биде подолго од една година. Бараните опрема, материјали и услуги би требало да бидат набавени преку добавувачи, а во прилог на апликацијата, потребно е да се обезбедат понуди од три различни добавувачи и истите треба да бидат преведени на англиски јазик. Повеќе информации можете да најдете на страницата на ЗЕЛС www.zels.org.mk.
Д.М.
|