ЕВРОПСКА УНИЈА
Ирско претседателство
Ирска, која го презеде претседателството со Советот на Европа на 1 јануари, ги идентификува претстојното проширување и односите со новите соседи како први од четирите приоритетни цели. Ирска е одлучна во намерите да го забрза приемот на Бугарија и на Романија, односно да ги заврши преговорите до крајот на 2004 година, а потенцијален рок за нивниот прием да биде 2007 година. Во регионот на Западен Балкан, сегашното претседателство ќе настојува целосно да се имплементираат обврските од заедничката агенда за Западен Балкан од Солун и ќе им помага на земјите од регионот во реализација на нивните цели за евентуална интеграција во структурите на ЕУ. Мислењето на комисијата за апликацијата на Хрватска за членство во ЕУ се очекува за време на ирското претседателство. Предвидено е исто така и усвојување на “Акцискиот план” за голем број нови соседи на ЕУ на Европскиот совет во 2004 година. Во однос на Русија, фокусот ќе се стави на политичкиот дијалог по регионални и глобални прашања од интерес. За повеќе информации околу програмата на претседателството посетете ја http://www.eu2004.ie/.
Т.Х.
|