Развој на граѓанскиот сектор
Од организациска поддршка кон градење на капацитет
Низ низата изминати години на развој на граѓанскиот сектор во Македонија многу се говореше и многу се вложуваше во градење на капацитетите на организациите, при што првиот синоним - она што главно се практикуваше - беа обуки за членовите и активистите на организациите. Многу поретко практикуван беше пристапот на организациска поддршка.
Организациска поддршка - една од формите на градење на капацитет
Според дефиницијата на УНДП, градењето на капацитетите претставува процес преку кој индивидуи, групи, организации и институции ги подобруваат своите способности за:
1) извршување на функциите “core”, решавање на проблеми, дефинирање и постигнување на цели и
2) разбирање и пресретнување на нивните развојни потреби во поширокото опкружување, во правец на нивна одржливост.
Градењето на капацитетите може да се одвива на повеќе различни нивоа: индивидуално, организациско (микро ниво), на ниво на сектор (мезо ниво) и на ниво на држава (макро ниво).
Макро ниво Капацитет за анализирање, проценка На ниво на и добро поставување на организацијата држава во нејзиното опкружување Мезо ниво Капацитет за зголемување на ефикасноста На ниво на и ефективноста на секторот во целина сектор
Микро ниво Капацитет за зголемување на ефикасноста На ниво на и ефективноста на организацијата организација
Индивидуално Капацитет за зголемување и подобрување На индиви- ниво на перформансите на човечките ресурси дуално ниво во организацијата
МЦМС во своите програми ја дефинира организациската поддршка како:
“Јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на организацијата во правец на нејзина самоодржливост”.
Јакнењето на организацискиот капацитет на организациите подразбира јакнење на системите (вкучувајќи ја и институционалната меморија) и процедурите, структурата, стратегијата, човечките капацитети, раководењето со човечките ресурси и раководењето со организацијата, воопшто.
Институционалниот капацитет подразбира добро познавање и разбирање на генералното опкружување, релациите и односите помеѓу специфичните актери и фактори, како и способноста организацијата да се постави и да се одржува во опкружувањето.
Одржливоста главно се однесува на способноста на организацијата да ги развива и да ги подобрува своите перформанси и по завршување на организациската поддршка од страна на донаторот.
Битно е да се напомене дека организациската поддршка се разликува од проектната или програмската поддршка, кои се краткорочни (додека трае спроведувањето на проектите и програмите), зависат искучиво од достапноста на фондовите на донаторите и се насочени исклучиво кон остварување на целите и задачите на проектот/програмата.
Избор на инструменти и методологија за организациска поддршка
Досегашната практика на МЦМС во организациската поддршка главно е комбинација од финансиска и техничка поддршка.
Финансиската поддршка е наменета за:
овозможување на функционирањето на канцелариите (канцелариски трошоци, локални транспортни трошоци, канцелариски материјал и техничка опрема);
плата/хонорар за извршување на работа која не е директна спроведувачка активност на некој проект/програма туку има за цел развој на организацијата;
транспарентност (публикување на годишни извештаи, финансиски ревизии);
информации (билтени, лифлети, веб-страници, публикации и др. информативни материјали, истражувања, прес- конференции).
Техничката поддршка се однесува на: обука, консултантски услуги за воведување, промена и развој на системи, процедури, промена на организациска структура и други организациски промени.
“Скроена” поддршка наспроти ист пристап за сите
Организациите во Македонија се со различен степен на развој и професионализам и оттаму, тешко е да се состави комбинација на инструменти и да се избере еднаква (онце фит алл) методологија за организациска поддршка. Пакет што е дизајниран според индивидиуалните потреби на секоја организација е најсоодветно решение. Но, и покрај тоа што е јасно дека скроениот пристап за организациска поддршка има свои предности во однос на примена на општ (генерален) пристап за сите организации, многу е битно при дефинирањето на пакетот за организациска поддршка како основа да се земе проценка на капацитетите на организациите од страна на компетентни и независни проценувачи за да не се случи организациската поддршка да се сведе на “листа на желби” на организациите, која и покрај скроениот пристап нема да го постигне саканиот ефект.
(Извадок од Оценка на методологиите за организациска поддршка на МЦМС, МДФ 2003)
|
|