Прашања и одговори
Граѓанските организации и политиката
Во предизборието, како што бивало вообичаено и порано, се јавија бранувања коишто ги засегнаа и граѓанските организации, независно од нивната волја. Па така, дел од нивните активности од претставниците на власта или на политичките партии се квалификуваат како партиски кампањи, а самите организации, како партиски обоени. Под влијание на ваквите збиднувања се наметнуваат низа прашања: Дали политичките партии ги употребуваат (злоупотребуваат) граѓанските организации и нивните лидери за остварување сопствени цели? Дали членови на граѓански организации ги користат сопствените организации за промоција на некоја партиска агенда? Дали членовите на граѓанските организации можат да бидат членови на политички партии и активно вклучени во партиската политика?