Одбележан 21 септември, Меѓународниот ден на мирот

Нека има мир на земјата

Годинава за првпат во Македонија беше одбележан Меѓународниот ден на ми­рот, 21 септември. Иницијатори на ма­ни­фестацијата беа  НВО Цивил, Каритас Франција и Градоначалничката на општината Центар, г-ѓа Виолета Ала­­­рова. Во знак на поддршка на глобалните процеси и движења за мир организаторите се стремат кон востановување на Меѓународниот ден на мирот како официјален ден на мирот во  Македонија.

Светскиот ден на мирот започна со медиумска презентација, а про­дол­жи со музички настан којшто беше одржан пред платото на Домот на АРМ во кој учествуваа многу познати македонски ди-џеи. Во активностите беа вклучени и најмладите кои со својот настап и присуство им упатија порака на возрасните дека нив­­ниот свет зависи од постапките на возрасните. Активностите на Цивил и Каритас Франција беа надопол­нети со проекти на партнерските граѓан­ски организации во повеќе градови во Македонија: Етноцентар-Балканика од Тето­во, Месечина од Гостивар, Толеранција од Струга, Младински совет од При­лет и Амос, МКЦ и Граѓански патеки од Битола.

Со своето присуство граѓаните на Скопје, верските заедници, активистите на граѓанските организации ја поддржаа ини­цијативата - Македонија да се при­клу­чи кон глобалното мировно дви­же­ње. Сепак, и покрај личните покани упа­тени до највисоките политички моќници за поддршка на Меѓу­на­род­ниот ден на мирот, само претседателот на Со­бра­нието, г. Љупчо Јор­дановски и градоначалникот на Скопје, г. Трифун Костовски, во пис­ме­на форма ја поддржаа оваа ини­ци­јатива. При­сус­твото на луѓето кои одлучуваат недостасуваше.

Цивил и Каритас Франција ќе про­дол­жат со активностите и во наред­ни­от период, прогласувајќи го пе­ри­одот од 21 септември до 23 ок­том­ври за Месец на мирот, а со тоа и да го поддржат еднонеделниот фес­тивал Неограничен мир, кој постои шест години и ќе трае од 24 до 30 октомври.       

А.Т.