погледи

Одржливоста на граѓанскиот сектор зависи од успешната мобилизација

Одржливоста, не е само еден од клучните зборови, во групата на волшебно недостижни состојби на 99% од здруженијата на граѓани во Република Македонија, туку и потреба за обезбедување долгорочен развој на целокупниот граѓански сектор во РМ. Поведен од тие причини, Цен­тарот за институционален рзвој - ЦИРа ја организира конференцијата „Стратегии за одржливост на НВО секторот во Македонија” во рамките на НВО саемот од 2 до 5 декември 2004 година во Скопје.


Идејата на конференцијата, меѓу другото, беше да се прет­стават искуствата и практиките на претставниците од ЗГ од Централна и Источна Европа за обезбедувањето финансиска одржливост на граѓанскиот сектор. Поради тоа во конфернцијата имаше 15 воведничари, кои дојдоа од Словачка, Чешка, Унгарија, Бугарија, Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина,  Косово и од САД.

Како резултат на конферернцијата, беа донесени заклучоци и препораки за можните стратегии за одржливост на граѓанските организации во Македонија. Заклучоците на конференцијата можат да се поделат во три групи.

Во групата која се однесува на создавање поддржувачко законско опкружување за развој на финансиската одржливост на граѓанскиот сектор, имаше неколку заклучоци. Со овозможување на економски активности на здруженијата на граѓани, како и со даночни олеснувања за индивидуи или претпријатија кои сакаат да донираат, би се постигнало Македонија да биде како и сите други држави во регионот и ЦИЕ. Потребно е да се регулира владината финансиска поддршка, преку воспоставување критериуми и соодветен процес на избор и финансирање, како и уредување на процесот на лиценцирање кога станува збор за социјални услуги.

Беше поздравена одлуката за отворањето одделение за соработка со ЗГ во владата на РМ, донесена во ноември 2004 година. Притоа беше заклучено дека е многу важно ЗГ да се вклучат во изготвувањето на планот и пограмата на одделението за соработка со ЗГ. Една од идеите е и создавањето резервни фондови за да се овозможи партиципација на ЗГ во тендерите на ЕУ.

Потребно е да се овозможат различни можности во закон­ската регулатива, како на пример донесување процентна (%) легислатива. Беше поздравена идејата за промена на Законот за игри на среќа. Во овој дел на заклучоците спаѓа и воспоставување правна рамка за волонтерите.

Втората група заклучоци се однесуваат за зголемување на практиките за мобилизирање ресурси од страна на ЗГ. Притоа беше заклучено беше дека е потребно е да се оди кон поголемо инволвирање на индивидуите и групите кои се подготвени да го инвестираат своето време, експертиза и средства за да се подобри квалитетот на живот во локалните заедници, за да се подобри чувството на граѓаните за нивната грижа, одговорност, меѓузависност и вклученост.  Клуч во развојот на финансиската одржливост на организациите е развојот на ДОВЕРБАТА кај граѓаните. Потребно  е да се зголемува јавниот имиџ, транспарентноста и ефективноста на граѓанскиот сектор. Секоја организација треба да изгради сопствени стратегии за одржливост, која ќе вклучува потпирање врз повеќе различни извори за одржливост. Градењето финансиски резерви на организацијата, е предуслов за да се спроведе мисијата и да се остане независен.

Од моделите кои постојат во регионот на Централна и Источна Европа би ги издвоиле препораките за создавање фондации за развој на заедницата (цоммунтѕ фоундатионс), како и правењето анализа за можноста за развој на постојани фондови (ендоњмнетс фундс) во РМ. Многу корисна е и можноста за вклучување на дијаспората во прибирањето средства и решавањето прашања во заедницата. Беше заклу­чено дека би било од голема корист за нас да се користат искуствата од нашиот регион во мобилизирањето ресурси на локално ниво.

Последната група заклучоци е поврзана со развој на корпоративната филантропија. Овде беше заклучено дека бизнисот и граѓанскиоит сектор имаат заеднички интерес за соработка. Постои меѓузависност на одржливост на граѓанскиот сектор со развојот на капиталот и забрзаниот економски развој. Кај нас е потребна поголема поддршка од деловните субјекти за развојните програми и проекти на граѓанските организации. Исто така граѓанскиот сектор треба да изгради сопствена инфраструктура за поддршка и понуди за соработка со бизнис-секторот. Битно де а се развиваат вештините на општестевено одговорни претприемачи кај бизнис-секторот.

Доколку се залагаме за влијателен граѓански сектор, кој умее соодветно да одговори на процесите во опшеството во решавањето на важни проблеми и појави, тогаш ќе биде потребно тој да изгради не само способност за успешно мобилизирање на граѓаните и општеството, туку и способност за мобилизирање ресурси од домашни извори.

 

(авторот е претседател

на Центарот за институционален развој - ЦИРа)

 

Зоран Стојковски