Во рамките на проектот “Како до власта”

Во Куманово формиран Клуб на советнички

Дванаесет граѓански организации од Куманово, во сора­ботка со шест советнички во Советот на Општината фор­ми­раа Клуб на советнички, како дел од проектот “Како до власта”.

Виолета Петровска, претседателка на организацијата “Ку­мановка”, истакна дека идејата за формирање на Клуб на советнички, произлегла од ненагласената улога на жените во општествено-локалниот живот. “Со­ве­т­нич­ки­те од различни политички партии ќе функционираат ка­ко група која ќе дејствува во насока на јакнење на уло­гата на жената, а ние како локална власт сме подготвени за поддршка на предвидените проекти”, истакна Вик­тор Божиновски, шеф на Кабинетот на гра­до­на­чал­никот.

Зо­ран Петрушевски, претседател на кумановскиот Совет, пак, потенцира дека вака групирани жените-советнички од Куманово ја сочинуваат најбројната група во Со­ве­тот.      Ж.Ѓ