историјат на граѓанското општество

Една година НВО инфоцентар

НВО инфоцентарот прослави една година од своето работење. Во изминатите 12 месеци тој стана важна и препознатлива врска меѓу медиумите и граѓанските организации, овозможувајќи нивна поинтензивна соработка и подобро разбирање. Во овој период, над 100 граѓански организации одржаа јавни настани, презентации, прес-конференции и друг вид претставувања во просториите на Центарот. Истовремено, вработените од Центарот понудија услуги за голем број ЗГ, информирајќи ги медиумите за нивните активностии.

Својата прва годишнина НВО инфоцентарот ја прослави работно, организирајќи ја презентацијата на темата “Зошто на македонија и е потребен невладиниот центар?” која се одржа на 21 декември 2004 година, во просториите на центарот. На оваа актуелна тема, за која интерес покажаа голем број медиуми, покривајќи го настанот, говореа Владимир Милчин, извршен директор на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ), Дарко Алексов од Граѓанската асоцијација Мост и Билјана Бејкова од НВО инфоцентарот. На презентацијата беа претставени и резултатите од набљудувањето за медиумската покриеност на последниот Саем на НВО во Скопје.

Инаку, работата на НВО инфоцентарот е поддржана од ФИООМ и од Швајцарската агенција за развој. Центарот се наоѓа во Скопје, на адресата Градски ѕид блок 8, а контактите можете да ги остварите на телефонот 02/3233-560 и на електронската адреса цонтацтЖнвоинфоцентар.орг.мк.

М.И.