Ресурсен центар за бизнис и човекови права Бесплатни неделни вести
Ресурсниот центар за бизнис и човекови права - независна добротворна организација којашто работи со Амнести интернешнл, ве кани да се пријавите за добивање бесплатни неделни вести. Оваа организација работи со цел да ги поттикне компаниите да ги почитуваат човековите права, да го избегнат нанесувањето зло на луѓето и да го максимизираат позитивниот придонес. Неделните вести, т.е. неделниот аларм, им дозволува на компаниите и на актерите на граѓанското општество да комуницираат преку интернет по пат на прашања и одговори, дискусии и дебати. За пријавување, посетете ја страницата: http://www.business-humanrights.org/updates/newsletter_register_form
Ј.Л.
Светско собрание на ЦИВИКУС Зацврстувањето и предизвиците на граѓанското општество
Светското собрание на ЦИВИКУС е главен настан за стотици практиканти на граѓанското општество, истражувачи, активисти, загрижени бизнис-лидери и претставници на владите, што ќе се одржи од 21 до 25 јуни 2006 г., во Глазгов, Шкотска, каде ќе се дискутира за важните победи што ги оствариле тие во поглед на зацврстувањето на граѓанскиот ангажман и граѓанското општество насекаде во светот, како и за критичните предизвици со коишто се соочуваат тие и нивните општества.
Посетете ја веб-страницата њњњ.цивицусассемблѕ.орг, за повеќе информации во врска со вестите околу Светското собрание на ЦИВИКУС и за начините на коишто можете да учествувате. Можете да се приклучите и на интернет-форумот и да ги искористите попустите за ранопријавените со тоа што ќе резервирате учество пред март 2006 г. Исто така, имате можност и да аплицирате за грант за присуство на 6-тото Светско собрание на ЦИВИКУС преку интернет, најдоцна до 31 декември 2005 година. За подетални информации, пишете ни на адресата: civicussassembls@scvo.org.uk
Финска Можности за финансирање од страна на ФИННИДА
Како дел од Министерството за надворешни работи на Финска, Финскиот оддел за меѓународен развој и соработка (ФИННИДА), претставува алатка на финската развојна политика и се стреми кон цели што се во хармонија со целокупната надворешна политика на Финска. Како таков, целите на ФИННИДА се: промовирање на глобалната безбедност; намалување на сиромаштијата; промовирање на човековите права и демократијата; превенција од глобалните еколошки проблеми и промовирање економски дијалог. Финска насочува 10 до 15 проценти од развојните фондови преку граѓанските организации. Во 2004 година финансиски беа помогнати околу 140 граѓанаски организации од Финска со вкупно 350 проекти во 80 земји. ФИННИДА исто така помага меѓународни и регионални ГО на полето на превенција на конфликти, промовирање човеков и права, демократија и добро владеење, како и поддршка на граѓанското општество. За повеќе информации, посетете ја: http://global.findland.fi/index.php?kieli=3
Ј.Л.
Нова публикација Алманах на Глобалното граѓанско општество за 2004/2005 г.
Лондонската школа за економија и политички науки го издаде четвртиот том од својот алманах на граѓанското општество. Тој ја опишува природата и историјата на глобалното граѓанско општество и нуди тематски ориентирани студии на случаи, важни белешки и податоци, како и статии по актуелни прашања. Интернет-верзијата на Алманахот е достапна на: http://www.lse.ac.uk/depts/global/searbook04chapters.htm
Ј.Л.
|