Хрватска

Сузбивање на политичката корупција

Транспаренси интернационал Хрватска реагираше по повод предлог-законот за финансирање на политичките партии, кој пред извесно време влезе во собраниска процедура. Во ТИХ сметаат дека законот претставува голем чекор во создавање правна рамка за сузбивање на корупцијата, но дека постоечкиот нацрт има огромен недостаток: нерегулирање на финансирањето на изборните реклами.

Според спроведената анкета, повеќето граѓани, околу 53,8 отсто, сметаат  всушност дека во текот на предизборната кампања се отвора простор за неправилности во подрачјето на финансирање на партиите, па оваа материја би требало што побрзо да се регулира или со предлагање закон за финансирање на предизборната реклама, или со уредување во склоп на законот. Скоро ист висок процент од граѓаните, околу 87,3 проценти, не одобруваат донации на политичките партии од странски фирми, а нешто повеќе од две третини, односно 67,6 проценти од граѓаните, сметаат дека треба да се забрани донирање на фирми во странска сопственост.

Претставен Индексот на отвореноста на општеството на Хрватска 2006

Во Загреб е претставена публикацијата Индекс на отвореноста на општеството на Хрватска 2006. Станува збор за истражување спроведено од организацијата ДЕМО - Институт за демократија, кое се темели на проценка на отвореноста на општеството во шест димензии: образование, економија и претприемнички слободи и права, медиумски слободи, владеење на правото и законот, транспарентност на политичкиот процес, слобода на правата на малцинствата и маргинализираните општествени групи. Истражува­њето е спроведено со финансиска поддршка на Институтот Отворено општество Хрватска.

Г.Ш. извор: онењорлд