ДАНИЕЛА СТОЈАНОВА

Не можам да работам нешто во што не верувам

Во рубриката „Луѓе“ ви прет­ставуваме поединци активни во граѓанскиот сектор во Македонија, но и надвор од неа. Целта ни е да ги претставиме не само од аспект на професионалното ангажирање, туку и како индивидуи со свои посебни интереси, афи­нитети и размислувања, да ги приближиме до пошироката јавност, а преку нив да го популаризираме и поттикнеме граѓанското ангажирање во Македонија. Овој пат ја претставуваме г-ца Даниела Стојанова, активистка на Движењето на екологистите на Маке­донија
 
ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО: Раководам со Секретаријатот на Мрежата на еколошки невладини организации на Југо­источна Европа - СЕЕЕНН

АНГАЖИРАЊЕ ВО ГРАѓАНСКИОТ СЕКТОР: Во 1992 година бев прва година средно и прва активност ми беше собирањето пораки (листови за дрвото на животот) за пора­нешниот претседател Киро Глигоров за да ги однесе во Рио де Жанеиро на Светскиот самит за животна средина.

ХОБИ И ИНТЕРЕСИ: Се поинтересна ми е политиката, а хоби - како мала собирав салфетки и правев хербариум, се уште собирам обвивки од чоколади и ковани пари, а тука се и плетењето и везењето.

НАЈТЕшКА ОДЛУКА: Се уште не сум ја донела. 

АМБИЦИИ: Моментно - СЕЕЕНН да опстои, долго­рочно би сакала да имам село, каде ќе успеам да покажам дека може да се живее во согласност со природата, можеби конечно да се создадат балканските куЌи на разбирање. 

ВО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ ЧИТА: Последно што читав е „Илузии“ од Ричард Бах и пред тоа „Зона Замфирова“ од Стеван Сремац, обожувам да читам, па може да се каже дека од мала читам се’ што ќе ми дојде при рака.

КАДЕ ОДИ ВО СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ: Планина, село, парк, некаде каде малите нешта навистина те прават среЌен.

ЗА ВРЕМЕ НА ВИ­КЕНДИТЕ: Најчесто сум на пат, состанок, кон­ференција, семинар, но кога сум во Скопје, резервирани се за внуките. 

КОЈ НАЦИОНАЛЕН/ЛОКАЛЕН ПРОБЛЕМ ГО СМЕТА ЗА ОСОБЕНО ВАЖЕН И ЗО­ШТО?
Желбата да се живее надвор - вербата дека надвор е подобро, што секако е поттикната од многу нешта во нашата држава и нашиот регион. штета е што многу малку луѓе можат да посетат друга држава и да сретнат различни луѓе, тогаш би виделе дека сепак нашата земја е прекрасна, а државата - па тука сме ние да ја про­мениме доколку нешто не ни се допаѓа. Да, за мене неверувањето дека имаме моќ да промениме нешто е голем проблем, како и очекувањето дека промените може брзо да се случат. 

КОЈ ГЛОБАЛЕН ПРОБЛЕМ ГО СМЕТА ЗАОСОБЕНО ВАЖЕН И ЗОШТО? Глобализацијата. Се плашам дека еден ден нашите деца навистина ќе немаат моќ да одлучуваат сами или можност да го искажат своето мислење. 

ШТО БИ ПРОМЕНИЛ/А ВО МАКЕ­ДО­НИЈА И ВО СВЕ­ТОТ?
Немањето визија во Македонија, премногу се гледа на нештата крат­корочно, воопшто не се планира или многу ретко, па и на највисоко ниво. Во светот, би сакала да ја променам себичноста на човекот - да се сврти кон природата, да сфати дека таа секогаш победува.   

СОВЕТ/ПОРАКА: Ја обожувам оваа реченица - „Погледни низ очите на другиот, за да видиш нешто што не можеш сам“. Гледајте ги нештата од неколку аспекти и во иднина, Ќе видите дека работите не се такви какви што мислиме во прв момент.

НИКОГАШ НЕ БИ МОЖЕЛ/А: Не верувам во зборовите „никогаш”“и „секогаш“, но би ми било тешко да работам нешто во што не верувам, како и без внуките.