Влада на Р. Македонија

Распределени приходите од игрите на среќа и забавните игри
 

Владата на Р. Македонија, на седницата одржана на 6 март, оваа година, донесе одлука за распределба на средства во висина од 75 милиони денари, од игрите на среќа и од забавните игри во 2007 година.

За финансирање на годишните програми и задачи на граѓаните кои работат на заштита на хендикепираните лица, согласно Правилникот за оценка на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот и психичкиот развој се распределуваат 48.304.000 денари; за активности на Националното координативно тело предвидено со стандардни правила за изедначување на можностите за хендикепираните лица, формирано согласно Резолуцијата 48/49 на ООН, се одвојуваат 1.072.000 денари; за финансирање на проектот „Пекинг 2008 година”  во организација на Здружението „Венера” од Прилеп - 1.839.000 денари; на Агенцијата за млади и спорт 17.464.000; на Црвениот крст на Македонија му се доделуваат  6.321.000 денари.

Одлуката е објавена во Службениот весник на 9 март, оваа година.   

Г.Ш.