ГО МАЦЕДОНИА

Веб-страница за алтернативен туризам

Веб-страницата www.gomacedonia.com е првата македонска страница која нуди понуда на алтернативен туризам. Преку оваа страница, може да се резервираат еднодневни или повеќедневни тури по македонските манастири, селски населби, планини, природни локалитети… Се нудат дури и тури за градење тим. Турите ги организира истоимената агенција, која е единствена  специјализирана агенција исклу­чи­во за таканаречениот алтернативен туризам во Македонија.

 

ПРОЕКТ ЗА КОНЗЕРВАЦИЈА НА ПЕЛИСТЕР

Брошури за Пелистер и за Брајчино

Канцеларијата на Проектот за конзервација на Пелистер издаде три брошури со кои се претставуваат природното и културното наследство на планината и на селото Брајчино, каде се направени првите чекори за развој на селски туризам. Брошурите се на англиски јазик и нудат информации за локалните атракции, мож­ностите за сместување, планинарските и селските тури и друго. Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведува швајцарската организација Про натура.

КЛИРИНШКА КУЌА ЗА БИОСИГУРНОСТ

Портал за биосигурноста во Македонија

На интернет-адресата www.biosafets.org.mk е објавен веб-порталот Македонска клирин­шка куќа за биосигурност. Иако страницата е с$ уште во изработка, на неј­зиното мени се понудени податоци поврзани со овој проб­лем – законската рамка, Карта­генскиот про­­­токол за био­си­гурноста, генет­ски модифи­цираните организми, кои наскоро ќе бидат дос­тапни до јав­носта преку електронска форма...

 

Здружение на Ромите од Битола “Баирска светлина”

Историја на Ромите од Битола

Здружение на Ромите од Битола “Баирска светлина”, во последниот месец од минатата година ја промовира книгата “Историја на Ромите од Битола” (Разговори со постари Роми од Битола).

Автори на книгата се Џеф Линдемаер, волонтер на Мировниот корпус, и Сотир Рамаданов, член на “Баирска светлина”.

“Историја на Ромите од Битола” (Разговори со постари Роми од Битола) е финансиски поддржана од УСАИД преку Мировниот корпус.