Доделени грантови

Справување со корупцијата

Асоцијацијата за демократски иницијативи - АДИ од Гостивар на 26 окотмври на три граѓански организации и на една неформална група на граѓани од Дебар и од Гостивар им додели 13 илјади американски долари за спроведување проекти од областа на борбата против корупцијата.

Четирите нови проекти ќе се спроведуваат во период од четири месеци во општините Гостивар и Дебар. АДИ веќе поддржува 15 проекти кои се во тек. Активностите се реализираат под мотото „Граѓанско општество во акција” и се поддржани од Институтот за трајни заедници (ИТЗ), преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).

МИА