ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
Прирачник за студентите на Класични студии
Прирачникот за студентите на Институтот Класични студии на скопскиот Филозофски факултет е убав (и за жал редок) пример како една институција треба да им се обрати на своите корисници. Прирачникот има за цел во куси црти да ги претстави содржината на наставата, начинот на полагањето на испитите и другите права и обврски на студентите. Приложен е и список на наставниците и соработниците.
Заедно со Прирачникот, испечатени се и две помали брошурки - „Информирајте се: класични студии, зошто, што и како, што потоа, каде?“ и „Зошто да избереш латински и/или старогрчки јазик?“ со корисни совети и упатства за идните студенти.
|