|
ONLINE VERSION |
|
PRINT VERSION |
|
ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГРАѓАНСКО ОПшТЕСТВО
Џепна книга за полицијатаИнформативниот центар за граѓанско општество ја промовираше публикацијата на ООН „Меѓународни стандарди за човекови права за спроведување на законот“, која претставува џепна книга за Полицијата. Станува збор за адаптирана верзија на оваа публикација на канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, на македонски и албански јазик, наменета пред се на полицијата на Република Македонија. |  |
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
Прирачник за студентите на Класични студииПрирачникот за студентите на Институтот Класични студии на скопскиот Филозофски факултет е убав (и за жал редок) пример како една институција треба да им се обрати на своите корисници. Прирачникот има за цел во куси црти да ги претстави содржината на наставата, начинот на полагањето на испитите и другите права и обврски на студентите. Приложен е и список на наставниците и соработниците.
|  |
МЦМС
Финансирање на граѓанските организации од страна на државатаМакедонскиот центар за меѓународна соработка денес ја издаде публикацијата „Финансирање на граѓанските организации од страна на државата“. Публикацијата нуди одговор на прашањата: Дали државните институции, локалната самоуправа и странските амбасади во Република Македонија остваруваат соработка и дали обезбедуваат финансиска поддршка за активностите на граѓанските организации? Какви можности за финансиска подршка постојат и дали има јасни и транспарентни критериуми за распределба? Каква е праксата по ова прашање во земјите од регионот?.
|  |
МЦМС
НВО СаемМакедонскиот центар за меѓународна соработка ја издаде брошурата „ НВО Саем – Форум на граѓанското општество во Македонија“ , како последователна активност од последниот НВО саем кој веЌе традиционално се организира секоја година. |  |
ОПшТИНА ДЕЛЧЕВО
Веб страница за активностите на општинатаОпштина Делчево издава веб-страница преку која граѓаните и пошироката јавност, можат да добијат општи информации (број на жители, местоположба, населени места, површина и друго), деловни информации, да се запознаат со општинските органи, како и за тековните проекти кои се спроведуваат во општината (на пример, проектите „Развој на општините преку културата“, „Нееднаков пристап е еднакво на престап“). |  |
ОХО И РЕМОНТ
Мојот ПарламентЗдружението ОХО и мрежата РЕМОНТ (која ја сочинуваат ОХО, Младинска алијанса - Тетово, Асоцијација за отворени комуникации - Битола, ЕД „Планетум“ - Струмица, Млади европски федералисти - Велес и Организацијата на жени од Куманово), го спроведуваат проектот „Мојот парламент“, во чии рамки ја подготвија веб-страницата www.mojotparlament.org,mk
|  |
|
|
|
|