МЦМС
Финансирање на граѓанските организации од страна на државата
Македонскиот центар за меѓународна соработка денес ја издаде публикацијата „Финансирање на граѓанските организации од страна на државата“. Публикацијата нуди одговор на прашањата: Дали државните институции, локалната самоуправа и странските амбасади во Република Македонија остваруваат соработка и дали обезбедуваат финансиска поддршка за активностите на граѓанските организации? Какви можности за финансиска подршка постојат и дали има јасни и транспарентни критериуми за распределба? Каква е праксата по ова прашање во земјите од регионот?.
Целта на публикацијата е зголемување на транспарентноста на финансирањето и со тоа подобрување на пристапот до еднакви можности и второ, зголемување на можностите за мобилизација на поддршка дома, и со тоа намалување на зависноста од меѓународните извори на финансирање.
|