ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГРАѓАНСКО ОПшТЕСТВО
Џепна книга за полицијата
Информативниот центар за граѓанско општество ја промовираше публикацијата на ООН „Меѓународни стандарди за човекови права за спроведување на законот“, која претставува џепна книга за Полицијата. Станува збор за адаптирана верзија на оваа публикација на канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, на македонски и албански јазик, наменета пред се на полицијата на Република Македонија.
Таа има за цел да обезбеди достапни и преносливи упатства за полицијата, посветена на законско и хумано извршување на виталните функции во едно демократско општество. Во неа се содржани значајни стандарди и процедури земени од над 30 меѓународни извори.
Публикацијата е изготвена во соработка меѓу Информативниот центар за граѓанско општество, Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Република Македонија. Таа, преку Министерството за внатрешни работи ќе биде дистрибуирана и достапна до секој вработен во ова министерство идо сите релевантни институции, организации и поединци, а делови од публикацијата ќе бидат објавени и во дневниот печат.
|