коментар
Пратеници и ЗГ, карши-карши комуникација
Скопје, а со тоа и Македонија, есенва ја доби својата Канцеларија за контакт меѓу ЗГ и Собранието на Република Македонија, простор кој се наоѓа карши - карши собраниската зграда, во близина на Градската болница и Зелениот пазар, но и на паркот “Жена борец”, сведок на многу бурни настани од поновата историја на државата. Подобро место за Канцеларијата која треба да обезбеди комуникација меѓу двете страни од еден мошне значаен општествен процес, градење граѓанска држава, како да не можеше да се најде.
50 години на Специјалното училиште “Димитар Влахов”
Училиште кое внесува светлина
“Не прави го на некого она што не сакаш да ти го направат тебе”, пишува во учил­ницата на првоодделенците Едис, Берат, Кети, Самир и Димитар кои понекогаш се немирни, како впрочем и сите првачиња, но кога треба да ги учат бук­вите, и тоа како внимателно ја слушаат својата учителка Снежана Талевска. Наста­вата тече вооби­чаено. Децата ги учат буквите на Браевото писмо, читаат четива прилаго­дени за нивната возраст, а доаѓањето на фоторепортерот и новинарот во нивниот клас посебно го израдува Едис кој ни рече: “Добре дојдовте во нашето учи­лиш­те, може да не сликате?”, и гуш­нат со другарите Берат и Кети подготвено позираше пред објективот на фоторепорте­рот. 
Интервју со д-р Наташа Габер, Институт за социолошки и политичко правни истражувања
Сега е момент ромската заедница да направи нешто позначајно за себе
“Полека се кристализира една значајна дистинкција во јавноста и на заинте­ресираните им станува јасно дека Дека­дата за Ромите претставува еден процес, а изработката на Националната стра­те­гија за интеграција на Ромите во маке­донското општество е друг процес. Станува збор за два мошне важни, пара­лелни и комплементарни процеси” - потен­цира д-р Наташа Габер - Дам­јанов­ска, која интензивно работи на изра­бот­ката на Националната стратегија за интеграција на Ромите, документ кој има исклучителна важност за ромската заед­ница и за општеството во целина.
Канцеларија за контакт помеѓу ЗГ и Собранието на Република Македонија
Место за средба на два важни општествени фактори
Во центарот на Скопје е отворена Канцеларијата за контакт помеѓу Собранието на Република Македо­­нија и граѓанските организации со цел институционализирање на соработката помеѓу Собранието и граѓанските организации, обезбедување релевантни инфо­р­­мации за двете страни неопходни за отворен и интензивен дијалог преку употреба на различни начини на комуникација, како и поврзување на граѓаните и законодавните тела, во насока на зголемено вклучување на граѓанскиот сектор во процесите на донесување одлуки.
Задоволни ли се граѓанските организации од локалните власти?
Највисоките и очекувани резултати се добиваат со меѓусебна соработка
СТЕЊЕ - РИЗНИЦА НА ПРИРОДАТА И КУЛТУРАТА
Новата перспектива се вика одржлив туризам
Ако досега не сте вкусиле сушени циронки, преспански крап или специфично сирење-кашкавал кое се подготвува само на едно место, ако не сте ја виделе најубавата преспанска плажа, и ако имате силна потреба од мир, чист воздух и напојување на погледот со рајска убавина - одговорот може да биде Стење.
Фондовите на Европската Унија III
Како да се стигне до КАРДС?
Кои документи треба да се поднесат за КАРДС?
Според повиците за предлози, Конзорциумот (т.е. главниот апликант и партнерите) мора да ги поднесат следните документи: еден оригинал и четири копии од формуларот за аплицирање (вклучувајќи го буџетот и долгорочните анекси) и кратки биографии на главните членови на персоналот кои се вклучени во имплементирањето на проектот.
Одржливост на организацијата
Критериумите на надворешна одржливост
Дали сметате дека вашата организација е одржлива?

Дали сметате дека, на пример, обуката којашто ја испо­рачувате на вашата целна група ќе можете да ја спроведувате во ист интензитет по неколку години?
Избор
Компанијата Дунапек - како позитивен пример
Многу компании во Централна и источна Европа мораат да го надминат наследството од ерата на социјализмот, како на пример застарените производствени технологии и опре­ма како и заста­рениот пристап кон управувањето. Дунапек (*Дунапацк Лтд), производител на хартиена амбалажа со седиште во Будимпешта може да послужи како добар пример за компанија која се приспособи и “процвета” во длабоко променетата еко­номска, соци­јална и правна средина.