Балканските земји во глобалната анкета за состојбата на граѓанското општество
Граѓанското општество на Балканот со мало учество на граѓаните и умерено влијаниеНа 23-ти мај на седмото собрание на Светската алијанса за граѓанско учество – ЦИВИКУС во Глазгов, Шкотска, беше промовиран првиот том од „Глобалната анкета за состојбата на граѓанското општество”. Ова издание има за цел да ја подигне свеста на глобално ниво за улогата, јаките страни и слабостите на граѓанското општество низ светот. Во ова издание се вклучени резимеа од извештаите од Индексот за граѓанско општество за 44 земји. Индексот за граѓанско општесво е истражувачки проект кој во земјите кои учествуваа беше спроведен по единствена методологија од страна на национални партнери на ЦИВИКУС. |  |
|