ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ГРАѓАНСКО ОПшТЕСТВО
Џепна книга за полицијата
Информативниот цен­тар за граѓанско оп­штество ја про­мо­ви­раше публи­каци­јата на ООН „Ме­ѓу­­на­родни стан­дар­ди за чове­кови пра­ва за спро­ведување на законот“, која прет­ста­вува џепна книга за Поли­цијата. Станува збор за адаптирана верзија на оваа публи­кација на канцеларијата на Високиот комесар за чо­векови права на Обединетите нации, на македонски и албански јазик, наменета пред се на полицијата на Република Македонија.
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
Прирачник за студентите на Класични студии
Прирачникот за сту­ден­тите на Ин­­сти­­тутот Кла­сич­ни сту­дии на ско­п­­­­скиот Фило­зоф­ски фа­кул­тет е убав (и за жал редок) пример како една инсти­туција тре­­­ба да им се обра­ти на своите ко­рис­ници. При­рач­никот има за цел во куси црти да ги прет­стави содржината на наставата, начинот на полагањето на испитите и другите права и обврски на студентите. Приложен е и список на настав­ниците и соработниците.
МЦМС
Финансирање на граѓанските организации од страна на државата
Македонскиот центар за меѓународна сора­ботка де­нес ја издаде публи­ка­цијата „Фи­нан­­сирање на гра­ѓан­ските организации од страна на државата“.
Публикацијата нуди одго­вор на пра­ша­ња­та: Дали др­жавните институции, ло­калната самоуправа и стра­н­ски­те амбасади во Ре­пу­блика Македонија оства­руваат соработка и дали обезбедуваат финан­сиска поддршка за активностите на граѓанските орга­низации? Какви можности за финансиска подршка постојат и дали има јасни и тран­спарентни критериуми за распре­делба? Каква е праксата по ова прашање во земјите од регионот?.
МЦМС
НВО Саем
Македонскиот центар за меѓународна сора­ботка ја издаде брошурата „ НВО Саем – Форум на гра­ѓан­ското општество во Маке­донија“ , како после­до­вателна активност од после­дниот НВО саем кој веЌе традиционално се организира секоја година.
ОПшТИНА ДЕЛЧЕВО
Веб страница за активностите на општината
Општина Дел­че­во издава веб-стра­ница пре­­ку која гра­ѓаните и по­ши­роката јав­но­ст, можат да до­бијат општи ин­­­фор­мации (број на жители, местоположба, населени места, површина и друго), деловни инфор­мации, да се запознаат со општинските органи, како и за тековните проекти кои се спро­ведуваат во општината (на пример, проектите „Развој на општините преку културата“, „Нееднаков пристап е еднакво на престап“).
ОХО И РЕМОНТ
Мојот Парламент
Здружението ОХО и мрежата РЕМОНТ (која ја сочинуваат ОХО, Младинска алијанса - Тетово, Асоцијација за отворени кому­никации - Битола, ЕД „Планетум“ - Струмица, Млади европски федералисти - Велес и Организацијата на жени од Куманово), го спроведуваат проектот „Мојот парламент“, во чии рамки ја подготвија веб-страницата www.mojotparlament.org,mk