ЕВРОПСКА КОМИСИЈА
Информативни точки…
Делегацијата на Европската комисија во Република Македонија, во рамките на својата Информативна работна програма, започна процес на отворање на инфор­мативни точки на ЕУ во рамките на по­стојните општински центри за информирање на граѓаните.
„Пријатели на Македонија“
Регионален камп за демократија - општина Зелен Град
Граѓанската организација „Пријатели на Македонија“, по втор пат, го организира „Регионалниот камп за демократија - општи­на Зелен Град“, кој се одржа во средношколскиот интернат „Боро Менков“ во Крива Паланка од 13 до 22 јануари 2003 година. Целта на кампот беше преку еду­кативен интерактивен процес на симулација да се стекнат знаења за функционирањето на локалната заедница.
СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА
Да победам, или да бидам храбар обидувајќи се
На 17 декември минатата година, во Скопје се одржа основачкото собрание на Спе­цијалната олимпијада, која сега веќе е регистрирана како здружение на граѓани. Ова здружение е основано од група ентузијасти, кои имаат за цел да помогнат во ин­те­грацијата на лицата со интелектуална по­преченост во општествениот живот. Својата цел тие ќе се трудат да ја постигнат преку спортско ангажирање на овие лица.