Електростопанцтво на Македонија помеѓу продажба и протести
Владата и опозицијата на краевите од спектарот, на срединат - народ! албански
Централна тема во македонската јавност со месеци наназад е продажбата на ЕСМ. Власта тврди дека се продава само ЕСМ - делот на дистрибуција, додека опозицијата вели дека се работи за целосна продажба на Електростопанството на Македонија. Протести, блокади, трибини, страв на граѓаните од драстично поскапување на електричната енергија, се појави коишто ја следат оваа приватизација, која факт е дека крена најголем прав откако се приватизираат фирмите во последните петнаесетина години во нашата земја. Централна тема за и околу продажбата на ЕСМ е транспарентноста, дали владата до крај ги кажала своите намери, колкава е цената? |  |
Поповод објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед и предизвиканите насилни реакции
Заедничка осудаИстакнати религиозни лидери во Норвешка заеднички го осудија објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед како и насилните реакции кои беа предизвикани со тоа.
Членовите и водачите на Исламскиот совет на Норвешка, Христијанскиот совет на Норвешка и Црквата на Норвешка објавија заедничка изјава по средбата во Осло, одржана на 3 февруари 2006 година.
|  |
Коморарата како наин на здружување и унапредување на дејноста
организираниот развој е главна активност на комората | организираниот развој е главна активност на комората
албански
Еден од начините на заштита на одредени дејности, унапредување на стручноста, етичките должности и права заради подобрување на квалитетот во одредена област и професија и истовремено заштита на интересите на професионалците во таа област е формирање комори.
Досега кај нас, покрај Стопанската комора, веќе десетина години постои и дејствува и Лекарската комората на РМ, Адвокатската комора. Неодамна и Здружението на психолозите во Македонија го изготви Законот за вршење психолошка дејност каде постави законска основа за формирање комора на психолозите на РМ.
Иницијативи за формирање комори постојат и помеѓу социјалните работници и просветните работници за основање комора на социјалните работници и комора на воспитно-образовните кадри во РМ.
Зошто и како се воспоставува комора?
Комората најчесто ги воспоставува критериумите и носи решенија за издавање, обновување и одземање на лиценците на работа во одредена професија; води евиденција/регистар за професионалците од одредена област кои вршат пракса; се грижи за унапредување на стручноста и континуираната едкукација во одредена професија; ги воспоставува нормите и стандардите за акредитација; соработува со сите релевантни институции; дава мислење и учествува во донесување закони од областа во којашто работи; утврдува ценовник на услугите во приватната пракса; носи кодекс на професионалците во одредена област, се грижи за негово почитување итн. Денес за формирање на комори потребно е да постои законска основа. Коморите имаат свои тела, дефинирани во статутот. Тоа се најчесто собрание, управен одбор, надзорен одбор, претседател итн. Коморите можат да имаат свои постојани и повремени комисии или сектори што се формираат со одлука на собранието како највисоко тело, заради извршување одредени задачи. Финансирањето на коморите најчесто произлегува од членарините, од средствата од лиценците, од средства од континуираната едукација или други форми на самофинансирање. Сепак, она што е неопходно најнапред е воспоставување правна основа за формирање комора. Зошто ваков начин на здружување? Процесот на приближување кон Европа ни наметнува одредени стандарди и квалитети во сите области на општествениот живот и особено во областа на образованието. Овие стандарди и квалитети се однесуваат подеднакво на формалното образование, но и изнаоѓање начини за вреднување и акредитација на неформалното образование во разни дејности и професии. Еден од најзначајните сегменти којшто директно н$ приближува до европските стандарди е процесот на акредитација на докторите, на социјалните работници, на психолозите и други професии. Токму акредитација во одредени области и особено нејзината имплементација претставуваат најдиректна можност професионалците преку своите професионални и еснафски здруженија активно да учествуваат во креирањето на иднината на професијата. Акредитацијата претставува процес којшто води кон формално признавање на знаењето, вештините и ставовите и претставува основа на којашто се издаваат лиценците за професионална активност на поединци или институции. Лиценцата може да биде основна (завршен факултет и пракса) и специјализирана (профилирање во одредена област). Лиценцата обично се издава во времетраење од неколку години (пр. 7 години за лекарите и психолозите) и потребно е нејзино понатамошно обновување. Обновувањето на лиценцата значи нејзина реакредитација којашто се должи на континуираниот професионален развој. Континуиран професионален развој, пак, подразбира постојано стручно усовршување, оценување и следење на работата на професионалците во одредена дејност, што резултира со задоволување на потребните професионални стандарди. Континуираниот професионален развој мора да биде организиран, осмислен и акредитиран и токму неговата организација претставува една од главните активности на комората и на професионалните здруженија коишто се нејзини членки. Дел од активностите во процесот на акредитација опфаќаат: подготовка на годишни планови за континуирана едукација, вреднување на активностите и стручното усовршување преку поени, кредити и нивна акредитација од страна на комората, изготување протоколи за работа, градење партнерство со други институции и меѓународни здруженија итн. На овој начин акредитацијата придонесува кон подобрување на квалитетот на дејноста, подигнување на стандардите на институциите, подобрување на статусот на професионалците кои покажуваат квалитет во работата, мотив и стремеж за постојано стручно усовршување и следење на светските трендови. |  |
Интервју: Сашо Голов, претседател на Центарот за развој на Демократијата
Македонија е место за кое вреди да се запне“Ева”, “Другите”,”Повратници” се дел од телевизиските емисии коишто ги подготвува Центарот за развој на демократијата во прилог на свртување на вниманието на јавноста кон секојдневните, само навидум (не)присутни актуелни појави и проблеми со коишто е исполнета реалноста на граѓаните. Која е спецификата на секоја емисија поодделно? |  |
Погледи
Интригата е потешка од убиството албански
Непобитен факт е дека светите нешта или прашања, било да се тоа и симболи, имаат посебно значење. Јазикот на верата е нешто што на еден начин човекот го повикува непрестано да биде во контакт со неа и тоа да биде подготвен да ги “жртвува” и најскапите нешта само за да ја изрази љубовта кон Бога и неговите пратеници или веровесници. И сега се поставува прашањето: што се цели да се постигне преку интриги? |  |
Македонска развојна фондација за претпријатија
Чиракувањето - нова можност за вработувањеМинатата година, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), го спроведе проектот “Обука низ работа за младите Роми”. |  |
Промовирана книга со исповеди на луѓе од поранешна СФРЈ
„Не може да ми биде добро, ако на мојот сосед му е лошо“Не може да ми биде добро, ако на мојот сосед му е лошо”, е насловот на книгата којашто содржи потресни сведоштва на луѓе кои ги преживеале војните на просторите на поранешна Југославија. Во книгата се пренесени над четириесетина “директни” интервјуа со луѓе од сите краеви на поранешна СФРЈ кои зборуваат за војната и можностите за изградба на мир на овие простори. Луѓе на возраст од 19 до 81 година, со различни професии, години, пол и вероисповест, зборуваат за тоа како гледале и гледаат на војните, кои, во деведесеттите години ги потресоа народите од поранешните ју-републики. |  |
Студентска иницијатива
„Сакаме нов студентски дом“Веќе неколку месеци Сојузот на студентите при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” ја води кампањата чијашто крајна цел е нов студентски дом и реновирање и санирање на постоечките студентски домови.
|  |
УСАИД
УСАИДНа 6 февруари, во Скопје, Националниот ромски центар од Куманово одржа сесија со новинарите, со што практично ја започна кампањата за образование на Ромите “Клучот е во вашите раце”. |  |
|