ПРОАКТИВА
Гласајте за велосипед и автобус
Здружението “Проактива” покрена мошне ажурна кампања за намалување на употребата на автомобилите, која има општа, национална и локална димензија, однесувајќи се на Скопје. “Проактива” ги повикува граѓаните да користат велосипеди за да го зачуваат своето здравје и здравјето на своите сограѓани и да ја заштитат животната средина.
ЕРИНА, ЕЕБ И МИЛИЕУКОНТАКТ
Семинар за ЕУ и животната средина
Новинарско-правниот енвиро центар Ерина од Скопје, во соработка со Европското биро за животна средина (ЕЕБ) од Брисел и холандската организација Милиеуконтакт (Милиеуконтакт Оост-Еуропа), на 21 И 22 јуни организира дводневен тренинг-семинар на тема “Законската и институционалната рамка на ЕУ во областа на животната средина”.