Србија
Помош за ромските средношколциИзвршното собрание на Војводина издвои 2,1 милион динари за стипендирање на 355 средношколци од ромска националност во покраината, кои ќе добиваат по 48 евра месечно. Собранието исто така обезбеди надомест за работа за 98 ментори, избрани да помагаат и го усмеруваат школувањето на стипендираните ученици од ромска националност. |  |
Косово
Ромите го напуштаат Косово од страв од ново насилствоСпоред информациите на Центарот за Ромите и Ашкалиите од Приштина, Ромите започнале да го напуштаат Косово од страв од избивање ново насилство. Во текот на посетата на српската енклава во Грачаница, блиску до Приштина, граѓанската организација откри дека најмалку седум семејства (38 лица) веќе си заминале.
|  |
Хрватска
Препораки за зголемување на политичкото учество на женитеЦентарот за едукација, советување и истражување (ЦЕСИ), врз основа на анализата на резултатите и однесувањето на политичките партии за време на изборната кампања, изработи Препораки за зголемување на политичката партиципација на жените, наменети за политчките партии.
|  |
|